Координаторот за итна помош на ОН, Том Флечер, вчера го повика Советот за безбедност на ОН да оцени дали Израел ги исполнува своите обврски во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната ситуација станала катастрофална.
Израел, како окупаторска сила, е обврзан да обезбеди луѓето да имаат храна и медицински материјали.
Канцеларијата на ОН за човекови права вчера објави дека во изминатите шест недели регистрирала најмалку 875 убиства на хуманитарните локации во Газа управувани од Хуманитарната фондација Газа – поддржана од САД и Израел – и во конвои управувани од други хуманитарни групи, вклучувајќи ги и Обединетите нации.
Повеќето од убиените биле во близина на локациите на Хуманитарната фондација Газа-ГХФ (GHF), додека околу 200 луѓе биле убиени на рутите на другите хуманитарни конвои. Libertas
Канцеларијата на ОН за човекови права вчера објави дека во изминатите шест недели регистрирала најмалку 875 убиства на хуманитарните локации во Газа управувани од Хуманитарната фондација Газа – поддржана од САД и Израел – и во конвои управувани од други хуманитарни групи, вклучувајќи ги и Обединетите нации. Denesen
GHF, кој почна да дистрибуира пакети со храна во Газа кон крајот на мај откако Израел ја укина 11-седмичната блокада за помош, претходно му рече на Reuters дека не се случиле такви инциденти на неговите локации и ги обвини ОН за наводни дезинформации.
Од GHF, пак, не одговориле на барањето за коментар за најновите бројки на ОН. „Податоците што ги имаме се базираат на наши сопствени информации собрани преку разни сигурни извори, вклучувајќи ги медицинските организации за човекови права и хуманитарните организации“, изјави Тамин ал-Китан, портпарол на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, за новинарите во Женева. Netpress
ГХФ користи приватни американски компании за обезбедување и логистика за испорака на залихи во Газа, во голема мера заобиколувајќи го системот управуван од ОН за кој Израел тврди дека им дозволил на милитантите предводени од Хамас да ги ограбуваат пратките со помош наменети за цивилите.
Хамас го негира обвинувањето. Telma
Тој нагласи дека примирјето мора да доведе до политичко решение што го вклучува правото и на Палестинците и на Израелците на сопствена држава.
Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (OCHA), во текот на викендот седум деца загинаа во Нусејрат додека чекаа вода, додека жени и деца беа убиени за време на дистрибуција на храна во четвртокот. Kanal5
Според здравствените службеници, во нови израелски напади загинаа повеќе од 90 Палестинци, вклучувајќи десетици жени и деца.
Гладот се зголемува кај повеќе од 2 милиони Палестинци во Газа откако Израел го прекрши прекинот на огнот во март за да ја продолжи војната и забрани влегување на сите прехранбени и други залихи во Газа, велејќи дека целта е да се изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците. Civilmedia
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
ГХФ не одговори веднаш на барањето за коментар за најновите бројки на ОН. -Податоците што ги имаме се базираат на наши сопствени информации собрани преку разни сигурни извори, вклучувајќи ги и медицинските организации за човекови права и хуманитарните организации, изјави Тамин Ал-Китан, портпарол на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, во Женева.
За Обединетите нации моделот за помош на ГХФ е „по природа небезбеден“ и претставува кршење на стандардите за хуманитарна непристрасност. Denesen
Координаторот за итна помош на ОН, Том Флечер, вчера го повика Советот за безбедност на ОН да оцени дали Израел ги исполнува своите обврски во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната ситуација станала катастрофална. Denesen
Стапките на неухранетост кај децата во Појасот Газа се дуплираа откако Израел остро го ограничи влезот на храна во март, соопштија ОН, објави Асошиетед прес.
Партијата Шас, која ги претставува интересите на православните Евреи, одлучи да ја напушти владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денеска „Тајмс оф Израел“.
Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон со кој учениците од верските училишта (јешива) би се изземале од задолжителна воена служба.
Израелски авиони го гранатираа сирискиот град Катана, кој се наоѓа 20 километри југозападно од главниот град Дамаск, објави новинската агенција САНА.
Убиени се 92 Друзи, вклучувајќи 21 цивил од Министерството за одбрана и внатрешни работи, 93 од владините сили и 18 бедуини Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Израел да ги прекине нападите врз сириските воени сили на југот на Сирија, објави „Аксиос“, цитирајќи американски функционер, а пренесува Ројтерс.
Сириските власти соопштија дека израелската армија вечерва извршила нови напади во предградието на Дамаск, откако во текот на денот ги таргетирала седиштето на сириската армија и областа околу претседателската палата во центарот на главниот град.
Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина.
Премиерот на Украина, Денис Шмихал, објави дека поднел оставка од функцијата што ја извршувал повеќе од четири години.
Најмалку 60 лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати во голем пожар што избувна ноќеска во трговски центар во градот Кут, во источен Ирак, соопштија денеска локалните здравствени власти и полициски извори.
Најмалку 50 лица загинаа и се повредени во голем пожар што избувна во хипермаркет во градот Кут, во источен Ирак, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.