На оваа прва средба на министрите за одбрана по јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, ќе стане збор за спроведувањето на клучните одлуки од овој собир на врвот – зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката на Украина и продлабочување на глобалните партнерства.
За таа цел на министерската средба попладнево ќе се приклучат и министрите за одбрана на партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а вечерва на работна вечера на која ќе се дискутира за состојбата во Украина ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, кои ќе информираат за случувањата на бојното поле и итните потреби на земјата. Republika
Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел. Denesen
Значи, ова е суштинска работа за НАТО, нагласи Руте.
На министерскиот состанок ќе има посебна сесија на посветена на придонесот на НАТО кон Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава (Д-ИСИС), која ја свикува американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Biznisvesti
Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. Kanal5