НАТО ќе продолжи со промоција на стабилноста и безбедноста надвор од своите граници преку своите мисии и операции, како КФОР и Мисијата во Ирак, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кое учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски. Biznisvesti
Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски.
На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан. Kanal5
Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
На оваа прва средба на министрите за одбрана по јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, ќе стане збор за спроведувањето на клучните одлуки од овој собир на врвот - зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката на Украина и продлабочување на глобалните партнерства. Kanal5
Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел. Denesen