Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
26
71.08
38.12
4.29/4.37
26.00
13.83
0.53
2011.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 26
46 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 399.8
Best clustering variants
46 0.99/0.01 3 399.8
Netpress

На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан.

Вчера на првиот ден од средбата беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. Netpress

15:20 h 18-Oct-2024
  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека Украина би можела да бара нуклеарно оружје доколку не ѝ се даде членство во НАТО.
  • ◉ ИЛИ НАТО ИЛИ ЌЕ БАРАМЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Зеленски жали што во 1994 година Украина ѝ ги врати оружјата на Русија
07:00 h
  • Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски.
  • Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски
10:48 h 17-Oct-2024
  • Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.
  • Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан
07:00 h
  • Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
  • Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел
16:54 h 16-Oct-2024
  • Украина да влезе во НАТО за да се заштити од Русија.
  • ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИ ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Има пет главни точки, меѓу кои е и влезот во НАТО
14:54 h
  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски им нуди на западните сојузници пристап до вредните суровини на неговата земја, како дел од планот за победа што го откри денеска.
  • Зеленски на западните сојузници им нуди пристап до суровините на Украина
11:33 h
  • НАТО е подготвен да одбие напад од кој било потенцијален непријател, вклучително и Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата – Марк Руте, коментирајќи ја изјавата на германските разузнавачки служби дека Москва, наводно, би можела да го нападне блокот до 2030 година.
  • НАТО: Подготвени сме да одбиеме напад на секој противник, вклучително и на Русија
Kanal5

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, порача дека фокусот на НАТО е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од Пактот и за таа цел сите сојузници мора да работат заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето, - Денешното стратешко опкружување е многу поразлично од она во 2014 година (кога беше формирана Д-ИСИС). ИД остана фокусирана на нас, но справувањето со заканата од ИД и останатите терористички групи сега се само едно од нашите стратешките предизвици, меѓу кои најголеми се малтретирањата од страна на Народна Република Кина и непромислена инвазија на Русија врз Украина, рече Остин.

Сепак, според него, и покрај променетите околности од фокусот не смее да се изостави опасноста што се уште ја претставува ИД, па затоа мора да продолжат координираните напори за справување со оваа терористичка група каде и да се појави во светот. Kanal5

Republika

За таа цел на министерската средба попладнево ќе се приклучат и министрите за одбрана на партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а вечерва на работна вечера на која ќе се дискутира за состојбата во Украина ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, кои ќе информираат за случувањата на бојното поле и итните потреби на земјата.

Како што изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во пресрет на денешната министерска средба за време на неговата посета на Киев пред две недели ја потврдил поддршката на Алијансата за Украина, која вклучува поголема поддршка за украинските сили, воена помош од најмалку 40 милијарди евра во рок од една година, од кои годинава веќе се исплатени 20,9 милијарди евра, како и иницијативи за поттик на неповратен пат на земјата кон членство во НАТО. Republika