Стабилна и безбедна Босна и Херцеговина е во наш интерес и е од корист на сите.
НАТО цврсто го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина според Дејтонскиот договор, кој мора да се почитува, бидејќи тоа е основа на стабилноста и државноста, порача денеска заменик-генералниот секретар на пактот, Радмила Шекеринска, во изјава во седиштето на Алијансата во Брисел. Kanal5
За состојбата во земјата денеска е предвидено да разговараат амбасадорите на земјите од НАТО и претставници на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Се очекуваше утрината изјави да дадат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и тројцата претставници на Претседателството, но потоа изјава даде само Шекеринска. Denesen
Уставниот поредок во државата треба да се зачува, нема да прифатиме безбедносен вакуум и нема да дозволиме да се наруши тешко стекнатиот мир.
Стабилна и безбедна Босна и Херцеговина е во наш интерес и е од корист на сите. Denesen
Од НАТО претходно беше соопштено дека на состанок во седиштето на таа алијанса во Брисел се поканети членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, а ќе се разговара за ситуацијата во БиХ.
Владата на ентитетот Република Српска иницираше усвојување на неуставни прописи на крајот на февруари, откако претседателот на тој ентитет, Милорад Додик, беше осуден во прв степен од Судот на Босна и Херцеговина на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник. Civilmedia