Според него, целта на сите овие планови и инвестиции не се само да се троши повеќе, туку да се зајакне Алијансата за да биде способна да се брани не само сега, туку и во наредните години.
Тој потсети дека во рамки на денешниот состанок во форма на работен ручек ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Kurir
На денешниот последен состанок на министрите за одбрана пред Самитот на НАТО во Хаг се согласивме за амбициозен нов сет на цели за способност, изјави денеска генералниот секретар на Алијанската, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на министерската средба, на која учествуваше и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Vecer
Руте најави дека ќе предложи инвестициски план што би предвидувал вкупни одбранбени издвојувања годишно на ниво пет отсто од БДП, од кои 3,5 отсто за основни трошоци одбраната за остварување на новите цели за способностите и уште 1,5 проценти во инвестиции поврзани со одбраната и безбедноста, како што се инфраструктурата и индустријата.
Тој додаде дека на средбата се разговарало и за „трајната поддршка“ на НАТО за Украина, потсетувајќи дека за оваа година сојузниците веќе ветија над 20 милијарди евра дополнителна безбедносна помош за Украина. Plusinfo
Денешниот ден е клучен бидејќи ќе решаваме за целите за зајакнување на капацитетите и за тоа како ќе се трошат парите за потребите на одбраната, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата. Sitel
Состанок ќе започне со седница на Северноатлантскиот совет на која министрите ќе разговараат за подготовките на Самитот во Хаг што треба да се одржи од 24 до 26 јуни и за трошоците за одбраната, а, според најавите, ќе донесат и клучни одлуки за подобрување на одвраќањето и одбраната на НАТО.
Како што најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната прес-конференција во пресрет на министерскиот состанок, на него ќе биде направен огромен скок напред во зајакнувањето на капацитетите за одвраќање и одбрана на Алијансата со усогласување на нови амбициозни цели. Alfa
На средбата се разговараше и за „трајната поддршка“ на НАТО за Украина, при што сојузниците веќе ветија над 20 милијарди евра додатна безбедносна помош за оваа година.
„Ги поздравувам напорите за помош што сојузниците ги ветија на вчерашниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина“, додаде Руте. 365
„Сите сакаме да ја видиме оваа војна завршена со праведен и траен мир и целосно ги поддржуваме итните напори на претседателот (на САД, Доналд) Трамп за запирање на крвопролевањето“, рече Руте.
Тој додаде дека во рамки на министерската средба се одржал и редовен состанок на Групата за нуклеарно планирање, потенцирајќи дека нуклеарното одвраќање останува камен темелник на безбедноста на Алијансата. Racin
Фото: Марк Руте/инстаграм Посветеноста на НАТО кон неповратниот пат на Украина кон членство останува, но земјата никогаш не добила формално ветување за влез во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел.
Украина е поканета на Самитот на Алијансата што ќе се одржи во Хаг за неколку недели“ – изјави Руте пред состанокот на министрите за одбрана во Брисел и додаде дека деталната програма наскоро ќе биде објавена. Novamakedonija
Самитот на НАТО во Хаг, поддршката за Украина и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната ќе бидат главни теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој ќе учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски. Sitel
Овие цели ги утврдуваат силите и конкретните капацитети што сојузниците треба да ги обезбедат за да го зајакнат нашето одвраќање и одбрана, рече Руте.
За остварување на овие цели, за соочување со секоја закана и за целосно спроведување на плановите за колективна одбрана, според Руте, на Алијансата и се потребни повеќе ресурси, сили и капацитети за што се потребни значително повисоки одвојување за одбраната. Kanal5
Ќе се погрижиме нуклеарниот капацитет на НАТО да остане силен и ефикасен, со цел да се зачува мирот, да се спречи принуда и да се одврати агресијата.
Одвраќањето на НАТО е силно денес и преку одлуките што ги донесовме на овој министерски состанок се осигуруваме дека ќе остане силно за утре. Racin
Денешниот ден е клучен бидејќи ќе решаваме за целите за зајакнување на капацитетите и за тоа како ќе се трошат парите за потребите на одбраната, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.
Моите предвидувања се дека ќе се договориме за целите за капацитетите. Plusinfo
Според Руте, напорите на НАТО не се насочени кон продолжување на конфликтот во Украина, туку кон тоа таа сама да може да се брани.
Ние целосно ги поддржуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување на долгорочен и праведен мир. 365
Нема безбедност без силна одбрана и нема да има трајна безбедност без безбедна Украина, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет што се одржува во рамки на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, на кој учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски.
Според Руте, денешниот собир го претставува „последниот чекор на патот“ до Самитот на лидерите на НАТО во Хаг, што ќе се одржи од 24 до 26 јуни, па затоа министрите ќе мора „да се договорат за амбициозен нов сет на цели за способности, за да ги одржат безбедни своите една милијарда луѓе, со тоа што ќе ги одржат силни одвраќањето и одбраната“ на Алијансата. Kurir
Од: А1он Посветеноста на неповратниот пат на Украина кон НАТО останува, но на Киев никогаш не му било ветено членство во Алијансата како дел од мировните преговори, изјави денес во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. A1on
Руте додаде и дека НАТО целосно ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за запре на крвопролевањето во Украина и постигнување праведен и траен мир.
На крајот на министерската средба е предвиден состанок на Групата за нуклеарно планирање на НАТО. Kurir