Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека во Појасот Газа и на Западниот Брег, израелската окупаторска армија убила повеќе од 12.000 палестински ученици и студенти и ранила 19.000 од почетокот на војната за истребување на 7 октомври 2023 година, пренесува . Министерството појасни дека од 7 октомври 2023 година, 11.249 ученици биле убиени, а 17.335 биле ранети во Појасот Газа, додека 80 ученици биле убиени, 479 биле ранети, а 237 од нив биле уапсени на Западниот Брег.