Остануваме обединети и непоколебливи во нашата решеност да ги заштитиме нашите една милијарда граѓани, да ја браниме Алијансата и да ја заштитиме нашата слобода и демократија“, се наведува во Хашката декларација.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потврди својата посветеност на Членот 5 од основачкиот договор на НАТО и ја поздрави најавата дека сојузниците ќе се обврзат да издвојуваат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана. Plusinfo
За време на разговорот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на маргините на дводневниот самит на алијансата, Трамп беше прашан за посветеноста на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој ги обврзува сите членки да пружат помош на сојузник чија територија или безбедност е загрозена. Vecer