Во Берлин денеска почна средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес.
На самитот дојдоа премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски, на Србија Милош Вучевиќ, на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти, на Унгарија Виктор Орбан, претседателката на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.