Западот ја користи Украина за да создаде критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги виталните интереси на Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Се кршат принципите на еднаква и неделива безбедност.
Овој пат Русија како претседавач ги покани најблиските соседи на Русија, пријателските земји со кои споделуваме заедничка животна историја, рече Путин на отворањето на состанокот.
На состанокот се поканети претставници на 36 земји, меѓу кои и шефовите на Заедницата на независни држави, Азија, Африка, Латинска Америка и шефови на меѓународни организации. Biznisvesti
Русија, која е ротирачки претседавач со организацијата, најави дека Саудиска Арабија ќе биде примена за членка на почетокот на годината, но се уште нема потврда од Ријад, а самото кралство на состанокот ќе го претставува странски министер.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека на средбата ќе се разјасни прашањето за статусот на Саудиска Арабија. Republika
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја отвори пленарната седница во рамките на самитот на БРИКС во Казан, што се одржува во проширен формат (БРИКС+). Путин претседава со состанокот, чија работа е планирана во две фази – прво седница, а потоа и дискусија на присутните, пренесуваат руските медиуми. Novamakedonija
Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Kanal5
Рускиот претседател Владимир Путин, во својство на домаќин на самитот на БРИКС во Казан, денеска ја отвори средбата на лидерите на „десетката“.
На отворањето на состанокот, Путин изјави дека „во тек е формирање мултиполарен свет“. Libertas
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утрово пристигна во Казан, Русија, за да учествува на самитот на БРИКС, објавија локалните власти на Телеграм.
Тој беше пречекан од шефот на Парламентот на Руската Република Татарстан, Фарид Мухамечин. Biznisvesti
Западот ја користи Украина за да создаде критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги виталните интереси на Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Novamakedonija
„Сите наши земји се декларираат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за афирмирање на високите идеали на пријателство и договор, за универзален просперитет и благосостојба, покажуваат одговорност за иднината на светот не со зборови, туку со дела.
Тие покажуваат навистина позитивно влијание врз ситуацијата во сферата на глобалната стабилност и безбедност, даваат значаен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, истакна рускиот лидер. Kanal5
Се поттикнуваат меѓудржавни конфликти и меѓусебни конфликти, рече Путин во обраќањето на самитот на БРИКС во проширен состав во Казан, пренесоа руските медиуми.
Путин нагласи дека „пример за тоа е Украина, која се користеше и се користи за создавање критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги нејзините витални интереси, легитимните грижи и кршејќи ги правата на луѓето што зборуваат руски јазик“. Libertas
Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан.
Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Novamakedonija
„Процесот на формирање мултиполарен свет е во тек, динамичен и неповратен процес“, рече Путин на почетокот на самитот, со кој Кремљ се обидува да направи противтежа на „западната хегемонија“, јави МИА.
Путин посочи дека групата ќе разговара за нејзиното проширување, со оглед на потребата да се одржи ефективноста. Civilmedia
Статусот на Саудиска Арабија се уште е нејасен.
Русија, која е ротирачки претседавач со организацијата, најави дека Саудиска Арабија ќе биде примена за членка на почетокот на годината, но се уште нема потврда од Ријад, а самото кралство на состанокот ќе го претставува странски министер. Biznisvesti
Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и претставникот на земјата на Самитот, Ахмед бин Али Ал Саџех, рече дека декларацијата ќе биде важен чекор во зајакнувањето на соработката, „воспоставувајќи општо прифатена рамка за соочување со идните предизвици и постигнување на нашите заеднички цели“.
Путин истакна дека Москва поддржува создавање на нова инвестициска платформа за поддршка на националните економии и помош за земјите од глобалниот Југ и Исток. Plusinfo
Портпаролот додаде дека тоа ја покажува меѓународната изолација на Москва.
Состанокот беше обид на (рускиот претседател Владимир) Путин да го злоупотреби руското претседавање со БРИКС за да се надмине меѓународната изолација, рече портпаролот. Libertas
„Процесот на формирање мултиполарен свет е во тек, динамичен и неповратен процес“, рече Путин на почетокот на самитот, со кој Кремљ се обидува да направи противтежа на „западната хегемонија“.
Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“. Republika
За утре е планирана средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој утрово пристигна во прва посета на Русија по повеќе од две години.
Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Русија ја поздравува мировната иницијатива на Кина и Индија за Украина, за која се разговараше за време на билатералните состаноци на маргините на форумот БРИКС во Казан. Nezavisen
Путин посочи дека групата ќе разговара за нејзиното проширување, со оглед на потребата да се одржи ефективноста.
Тој додаде дека повеќе од 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС. Libertas
Во него како заинтересирана страна ќе учествува и Турција.
Во пресрет на форумот, Путин најави дека една од главните цели на состанокот ќе биде унапредување на финансиската соработка и обезбедување алтернатива на системот СВИФТ (SWIFT), со кој се вршат меѓународни банкарски плаќања. Kanal5
Алијансата, чија цел е да му се спротивстави на светскиот поредок предводен од Западот, првично ги вклучуваше Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, но оваа година почна брзо да се шири.
Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија се приклучија во јануари; Турција, Азербејџан и Малезија официјално аплицираа за членство, а уште неколку земји изразија желба да станат членки. Nezavisen
Русија не успева да ја добие поддршката што ја бара од земјите на БРИКС, изјави денеска портпаролот на Европската комисија како одговор на прашање поврзано со состанокот во Казан. Netpress
Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“.
Според него, сите земји-членки на БРИКС, не со зборови, туку со дела, имаат позитивно влијание врз стабилноста во светот. Libertas
„Во иднина БРИКС може да изгради механизми за решавање на трговските спорови“, рече тој.
Според Путин, светската трговија и глобалната економија квалитативно се менуваат, а центрите на активност се свртуваат кон пазарите во развој. A1on
Западот ја користи Украина за да создаде критични закани за безбедноста на Русија игнорирајќи ги виталните интереси на Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Нарушени се принципите на еднаква и неделива безбедност. Fokus
Тој посочи дека оваа „средба е од големо значење за работата на Обединетите нации, бидејќи земјите од БРИКС претставуваат околу половина од светското население“.
Хак додаде дека шефот на ОН ќе одржи неколку билатерални средби на маргините на самитот. Kanal5
Тој беше пречекан од шефот на Парламентот на Руската Република Татарстан, Фарид Мухамечин.
Генералниот секретар на ОН ќе се сретне со „голем број лидери кои учествуваат на самитот“, соопштија од ОН. Кремљ најави дека Гутереш утре ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, прва ваква средба одржана на руска територија од април 2022 година. Libertas
СанкцииЗемјите од асоцијацијата се изјаснија против политички мотивирани еднострани санкции кои го поткопуваат развојот на другите земји.
КонфликтиВодачите на БРИКС изразија загриженост за „подемот на насилството и континуираните вооружени конфликти во различни делови на светот, вклучително и оние кои имаат значително влијание и на регионално и на меѓународно ниво“. Netpress
Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг.
Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји. Republika
Се очекува лидерската средба да продолжи зад затворени врати.
Потоа ќе следи средба во проширен формат со учество на делегации и се планира да биде отворена за медиумите. Libertas
Лидерите на земјите од БРИКС пристигнуваат во Казан за да учествуваат на самитот на таа организација на кој се очекува да присуствуваат 22 шефови на држави и шест шефови на меѓународни организации.
Тридневниот самит на БРИКС ги вклучува долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, заедно со Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). БРИКС е меѓувладина организација која е основана во 2009 година, а земји основачи се Бразил, Русија, Индија и Кина. Netpress
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека на средбата ќе се разјасни прашањето за статусот на Саудиска Арабија.
Во него како заинтересирана страна ќе учествува и Турција. Republika
Нивното учество ја нагласува стратегиската важност на БРИКС како форум за зајакнување на економските и политичките сојузи надвор од западната сфера на влијание.
Исто така, присуството на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, дава дополнителен легитимитет на оваа средба, која има потенцијал да ги обликува идните глобални односи. Novamakedonija
Тридневниот состанок во градот Казан го покажува неуспехот на напорите предводени од САД да се изолира Русија поради нејзините дејствија во Украина.
Кремљ го промовираше самитот како „најголемиот надворешнополитички настан што некогаш се одржал“ од Русија. Telma
Посетата на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на самитот на БРИКС во руски Казан покажува дека асоцијацијата стана важна за Западот, вели претседателката на Меѓународниот форум на земјите од БРИКС, Индијката Пурнима Ананд во интервју за руската агенција ТАСС пред почетокот на 16-от самит на групацијата најголеми пазари во развој. Netpress
Оваа иницијатива треба да обезбеди непречена трговија меѓу земјите-членки, без да се потпираат на западните осигурителни компании.
Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека „создавањето независни финансиски механизми е од витално значење за стабилноста на регионот.“ На самитот ќе се дискутира и за формирање на финансиски фонд за поддршка на земјите-членки во случаи на економски кризи, како алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Целта е да имаме финансиска мрежа која нема да биде контролирана од западните земји – изјави кинескиот претседател Си Џинпинг. Plusinfo
Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти.
Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации. Republika
БРИКС веќе има значително економско влијание.
Комбинираниот БДП на групата, кога е прилагоден за паритетот на куповната моќ (ППП), сочинува 35,6% од глобалната економија, надминувајќи го уделот на Г7 кој е нешто повеќе од 30%. Off
Рускиот претседател Владимир Путин, во својство на домаќин на самитот на БРИКС во Казан, денеска ја отвори средбата на лидерите на „десетката“. Civilmedia
На тридневниот самит во Казан ќе се разговара и за прашања како што се проширувањето на плаќањата во национални валути и воведувањето на категоријата „земји партнери на БРИКС“ - еден вид алтернатива за натамошното проширување на асоцијацијата, која неодамна го удвои својот состав од пет на десет земји.
Се очекува лидерската средба да продолжи зад затворени врати. Kanal5
Лидерите на БРИКС ја усвоија декларацијата на самитот во Казањ, која ги сумира резултатите од состанокот и руското претседавање со асоцијацијата, изјави рускиот претседател Владимир Путин.„Предлагам да ја сметаме декларацијата за усвоена“, им рече рускиот лидер на своите странски колеги по продолжениот состанок. Netpress
„Многу учесници на самитот гледаат на конфликтот на Блискиот Исток како одличен пример зошто оваа група земји треба да има поголемо влијание“, Меѓутоа, додаде тој, земјите најчесто го користат како реторичка поента за да ги критикуваат работите што не им се допаѓаат, наместо да покажат интерес за наоѓање на решение.
Набљудувачите, исто така, ќе следат дали Кина и Бразил ќе го искористат собирот како платформа за да презентираат заеднички мировен предлог од шест точки за војната во Украина, како што направија на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации минатиот месец. 360stepeni
БРИКС нема за цел да создаде посебен систем за плаќање, но земјите-членки развиваат соработка кога станува збор за прекуграничните плаќања, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин нагласи дека земјите од БРИКС разбираат дека проблемот со плаќањето е една од главните пречки за соработката во блокот, но земјите-членки ќе ги користат постоечките системи за да ги заобиколат, пренесува Ројтерс. Mk
Путин нагласи дека земјите од БРИКС разбираат дека проблемот со плаќањето е една од главните пречки за соработката во блокот, но земјите-членки ќе ги користат постоечките системи за да ги заобиколат, пренесува Ројтерс.
Како што е наведено, земјите од БРИКС се посветени на зајакнување на соработката во финансискиот сектор, развој на меѓубанкарската комуникација и создавање услови за порамнување во национални валути. A1on
„Генералниот секретар Гутереш ќе присуствува на самитот на БРИКС, како и претходно во Јужна Африка“, рече заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак на прес-конференција, Ова, рече тој, е „стандардна практика за учество на состаноци на организации со голем број важни земји-членки“.
Тој посочи дека оваа „средба е од големо значење за работата на Обединетите нации, бидејќи земјите од БРИКС претставуваат околу половина од светското население“. Kanal5
Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека 21,4 отсто од вкупните резерви од злато во светот за периодот по вториот квартал од годинава потекнуваат од земјите од БРИКС Над 20 отсто од светските резерви на злато се во земјите од блокот БРИКС, при што ова значително количество резерви ги нагласува растечката економска моќ и влијание на овие економии во развој.
Податоците на Светскиот совет за злато што ги објавуваат светските медиуми покажуваат дека 21,4 отсто од вкупните резерви од злато во светот за периодот по вториот квартал од годинава потекнуваат од земјите од БРИКС, со исклучок на Иран и Етиопија, кои не ги пријавија своите податоци. Novamakedonija
Зборувајќи за потпишаната декларација, Путин нагласи дека се земени предвид мислењата на сите членови на здружението.
Земјите од БРИКС ќе ја зајакнат меѓубанкарската комуникација и партнерството во финансискиот сектор, рече Путин. Fokus
И цената на среброто е највисока во последните 12 години.
Според податоците на берзата, унца злато вчера во 10.45 часот се продаваше за 2.732,25 долари, а унца сребро за 32,02 долари. Novamakedonija
И покрај санкциите од Западот, многу економски аналитичари го потврдуваат растечкото влијание на БРИКС на меѓународната сцена.
Самитот на споменатиот блок послужи да биде, како што велат аналитичарите, една „платформа за претставување нова визија за мултилатерализам, која се спротивставува на доминацијата на западните финансиски и политички институции“. Novamakedonija
МНР на Украина обрати внимание на ставот 36 од завршната декларација на самитот на БРИКС во Казањ, посветен на Украина, во кој неговите учесници само потсетија на сопствените национални позиции во врска со ситуацијата во Украина, нивната посветеност на целите и принципите на Повелбата на ОН, како и мирното решавање и дипломатијата.
Сметаме дека овој текст всушност покажува дека Русија не успеа да им ги „извезе“ на учесниците на самитот БРИКС своите неоимперијалистички ставови за промена на светскиот правен поредок и глобалната безбедносна архитектура поради агресијата против Украина. Civilmedia
Оваа средба ќе биде прва од април 2022 година и значајна поради тековните геополитички настани и тензии во светот.
Самитот на БРИКС, кој вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, има за цел да промовира соработката и економскиот развој помеѓу овие земји, како и да ја зајакне нивната улога на глобалната сцена. Telma
За време на претседавањето со организацијата БРИКС, Русија ги определи политиката и економијата како главни области на соработка меѓу членовите, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин во Казањ, каде што се одржува самитот на оваа организација. Mk
Москва сепак успева да го продаде форматот БРИКС како „нов светски поредок“, вели Антон Барбашин од онлајн порталот RiddleRussia.
Русија покренува бројни иницијативи, иако повеќето од нив не се спроведуваат или остануваат на ниво на спортско натпреварување БРИКС. Faktor
Децентрализираната природа на блокчејн би ја елиминирала потребата од централен посредник, правејќи ги прекуграничните плаќања поефикасни и помалку подложни на притисок, забрани или мешање од надворешни субјекти.
Предложениот платен систем не само што ќе ја поддржи агендата за дедоларизација, туку ќе ја обезбеди многу потребната финансиска безбедносна мрежа за земјите што се соочуваат со западни санкции. Off
Златните резерви ја зацврстуваат позицијата на земјите од БРИКС како главни економски играчи на глобалната сцена, според економската моќ.
Тие им носат финансиска стабилност, бидејќи златото обезбедува стабилно средство што може да помогне за ублажување на економските ризици и за заштита од инфлација. Novamakedonija
Се зборува дека околу 40 нации се на листата на чекање за приклучување, при што Саудиска Арабија и Индонезија изразија сериозен интерес, што дополнително ја илустрира растечката привлечност на овој „незападен клуб“.
Членството е заводливо за оние нации кои бараат алтернативи на економските и финансиските структури во кои доминира Западот, сè почесто обвинувани дека го загрозуваат економскиот развој, социјалната стабилност и националниот суверенитет на послабите земји. Off
Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите на претседателските избори, Камала Харис го нарече републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп „фашист“, опишувајќи го како „опасен“ и „неспособен“ за функцијата за која се кандидира.
Речиси 25 милиони гласачи веќе гласале на претседателските избори во САД, преку предвремено гласање лично или преку гласање по пошта, објави посебниот изборен оддел на Универзитетот во Флорида.
Џон Кели, пензионираниот американски генерал, кој најдолго беше началник на кабинетот на Белата куќа за време на претседателствувањето на Доналд Трамп, во интервјуа за „Њујорк Тајмс“ и „Атлантик“ оцени дека неговиот поранешен менаџер, а сега повторно кандидат за претседател на државата, одговара на дефиницијата за фашист.
Камала Харис, демократскиот кандидат за претседател на САД изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „ќе седне во Киев“ доколку победи нејзиниот републикански противник Доналд Трамп“.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Западот сака официјален Киев да седне на преговарачка маса со Русија, повеќе од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Белорусија, со која од 1994 година владее Александар Лукашенко, еден од главните сојузници на Москва, ќе одржи претседателски избори на крајот на јануари следната година.
Откако Јужна Кореја и Украина предупредија дека контингент од севернокорејски војници е испратен во Русија да се бори од страната на Москква во боиштата на источна Украина, ова го потврди и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, ги нападна Украина и Јужна Кореја по извештаите дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија, нарекувајќи ги двете земји „лоши кучиња одгледани од САД“ и заканувајќи се со нуклеарно оружје.
Северна Кореја синоќа ги негираше информациите дека и обезбедува војници на Русија кои би можеле да се употребат во конфликтот во Украина.
Јужна Кореја постепено ќе презема контрамерки во согласност со нивото на воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја, изјави денеска заменик-советникот за национална безбедност Ким Тае-Хјо, откако Сеул го обвини северниот сосед за испраќање војници во Русија за учество во војната во Украина.
Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, за време претстојот во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин, даде интервју за РИА Новости во кое вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ и Путин се пријатели.
СветВулин од Казан: Се надевам дека има место за Србија во БРИКС, Вучиќ и се восхитува на РусијаAvatar ОдСкопје1.мкОбјавено на 24/10/2024 Потпретседателот на српската влада Александар Вулин престојува во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин.
Кина и Русија треба да ја продлабочат сеопфатната стратешка соработка, заеднички да ја заштитат глобалната стратешка стабилност и меѓународната правда, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со рускиот лидер Владимир Путин во рамките на Самитот на БРИКС во Казан, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.