Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си. Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.
Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.
Демократскиот претседателски кандидат на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.