Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.
За време на изборната кампања, американските гласачи беа бомбардирани со слики на двајцата кандидати - додека тие зборуваат од бината, ја поздравуваат толпата на митинзи и се спуштаат по скалите додека излегуваат од авионот.
Демократскиот претседателски кандидат на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.
Два дена пред претседателските избори во САД, демократската кандидатка Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп се уште водат во многу тесна трка во седум сојузни држави што ќе го одреди исходот од 47. избори за претседател на САД, покажува анкетата на Њујорк Тајмс и колеџот Сиена.