Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
84
13.82
23.57
28.49/3.45
84.00
20.62
0.25
6107.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 84
189 ■ 0.99/0.01 ■ 9 ■ 344.9
Best clustering variants
189 0.99/0.01 9 344.9
13:01 h 09-Nov-2024
  • Пишува: Момчило Ѓуришиќ за Index.hr Тешко е светот да добие релевантен одговор на прашањето што ни се случува во последните десет години без да се занимаваме на најсериозно со случајот Трамп.
  • ◉ Како „Трампизмот“ ја надмина Америка и се шири низ светот?
07:24 h 07-Nov-2024
  • Победата на Доналд Трамп на претседателските избори најверојатно ќе резултира со големи промени во трговската политика на САД, односот кон војната во Украина, климатските промени, електричните возила, даноците и илегалната имиграција.
  • ЦАРИНИ, МАСОВНИ ДЕПОРТАЦИИ, ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА: Што друго носи Доналд Трамп 2.0?
07:12 h
  • Доналд Трамп победи на изборите во Америка, според проекциите на водечките светски медиуми.
  • КОЈ ОТВАРА ШАМПАЊ, А КОЈ ПЛАЧЕ ЗАРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Прослави во Москва и Будимпешта, Киев на колена: „Ова е најлошиот кошмар!“
00:05 h
  • Поранешниот претседател Доналд Трамп треба да се врати во Белата куќа.
  • Што рече дека ќе направи Трамп првиот ден на функцијата?
Libertas

Требаше да бидат земени во предвид всадените импулси на американскиот гласач за доследна упорна борба, за неговата индивидуална борба за постигнување на поставената цел (упорност иманентна за Трамп), да бидат земени во предвид опседнатоста на просечниот Американец со потребата за остварување на материјални вредности за да се опстои, за да се чувствува сигурен, сега и веднаш (како што налага животната филозофија на со месеци веќе вградениот Илон Маск во тимот на Трамп). Покрај сите пост анализи, кога и генералите се најпаметни по војните, не може да се отстрани впечатокот дека токму тие карактеристики на духот на американскиот гласач многу добро и навремено во своите јавни настапи ги валоризираше повторувачот во Белата куќа.

Трамп, независно од бруталниот речник кој го употребуваше, фасцинираше со својата упорност и доследноста за влевање на страв кај гласачите од недоаѓање на непознати политики на планот на нивната лична и колективна безбедност, особено околу емиграцијата, политики кои ќе ја загрозат семејната благосостојба и работниот ангажман на просечниот американски граѓанин. Libertas

Novamakedonija

Дел од аналитичарите сметаат дека победата на Трамп на претседателските избори во САД може да биде добра вест за Македонија, не само поради фактот што домашните политичари од власта имаат тесни конекции со луѓето од блиското опкружување на Трамп и што тие луѓе може да се искористат за лобирање во полза на македонските позиции во однос на Бугарија туку и поради тоа што тој „без дипломатски ракавици“ и директно би му за’ржал на Брисел доколку ЕУ и ЕК продолжат со кршење на демократските принципи и востановените критериуми за проширување Победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД предизвика сериозен политички земјотрес на глобалната политичка сцена, а уште веднаш по обзнанувањето на изборните резултати почнаа да се прават планови какви релации ќе воспоставува секоја земја со новата американска администрација. Novamakedonija

Civilmedia

Трамп ја победи демократската противкандидатка Камала Харис и стана 47-от претседател на САД . И додека вестите за победата на Трамп продолжуваат да доминираат во светските наслови, а честитки за неговиот избор пристигнуват од сите страни, уредниците на „Венити фер“ се решија да ги извадат ракавиците и да ги објават негативните страни на новиот претседател.

View this post on Instagram A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) Објавувајќи ја во гро план сликата на разлутеното лице на Трамп (78), на насловната страница, публикацијата наведе листа со негативни укажувања, истакнувајќи ги: Vanity Fair, публикација позната по забавното и политичкото покривање, во средата рано наутро откри нова дигитална корица на платформите на социјалните медиуми за да ја објави победата на Трамп над потпретседателката Камала Харис, драматично заклучувајќи: „ 34 кривични дела, 1 пресуда, 2 нерешени случаи, 2 отповикувања и 6 банкроти, Уште 4 години. Civilmedia

Libertas

Допрва ќе се појавуваат дисонантни тонови во реализацијата на прокламираните цели на Трамп и истакнатите „визии“ на високиот бизнис, со најавите за потребата од намалување на стегите за бизнисот, паритетната конкуренција во однос на претседателот, кратењето на работните места во администрацијата која му е потребна на секој претседател, затворањето на американскиот пазар за развиените односи и профити на големиот бизнис, со и од извори на ресурси, не само човечки од емигрантските и земјите со природи богатства… Како една упорна и суетна личност како Доналд Трамп ќе може да ги оствари и одржи релациите со овие бескрупулозни и планетарно успешни бизнис тајкуни и широкиот спектар на од нив зависни продуктивни средини, денес е тешко да се предвиди, а уште потешко ќе биде по 20 јануари кога потписот на Трамп на извршните одредби ќе биде точка на овие релации.

Дали еден Маск ќе се задоволи само со ново добиените 15 милијарди долари со скокот на неговите акции на денот на победата на Трамп, кога веќе ита кон освојување на вселената, надминувајќи ја и НАСА во таа трка? Libertas

Novamakedonija

Почнувајќи од денот на изборите, многу врвни оперативци на Демократската партија низ кампањата и во сојузните држави му кажаа на „Си-ен-ен“ различни верзии на истата мисла: ако ова не функционираше – со масовната кампања што тие успеале да ја остварат, со милиони врати на кои затропаа волонтери што ги преплавија државите на т.н. „бојно поле“, со поранешната републиканка Лиз Чејни и поранешниот претседател Бил Клинтон обединети, додека силно се залагаат за неа, а познатите личности од Бед Бани до Арнолд Шварценегер ја ставаат својата културна „тежина“ во полза на нејзина поддршка – што ќе функционира?

Не можам да замислам, не можам ни да размислам како би било доколку победи Доналд Трамп, бидејќи тој ни кажува толку мрачни и злобни работи што ќе ги направи, а јас му верувам – изјави сенаторот Кори Букер по завршувањето на кампањата доцна во понеделникот попладне во округот Бакс во Пенсилванија, една од најважните области во клучната неопределена држава на „бојното поле“. Novamakedonija