Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека републиканскиот оперативец кој ги претстави потенцијалните контури на мировниот план за Украина со поддршка на САД не зборувал во име на новоизбраниот претседател.
Дел од аналитичарите сметаат дека победата на Трамп на претседателските избори во САД може да биде добра вест за Македонија, не само поради фактот што домашните политичари од власта имаат тесни конекции со луѓето од блиското опкружување на Трамп и што тие луѓе може да се искористат за лобирање во полза на македонските позиции во однос на Бугарија туку и поради тоа што тој „без дипломатски ракавици“ и директно би му за’ржал на Брисел доколку ЕУ и ЕК продолжат со кршење на демократските принципи и востановените критериуми за проширување Победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД предизвика сериозен политички земјотрес на глобалната политичка сцена, а уште веднаш по обзнанувањето на изборните резултати почнаа да се прават планови какви релации ќе воспоставува секоја земја со новата американска администрација.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по прогласувањето на победата на изборите не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, но кажа оти „мисли дека ќе зборуваат“.
Портпаролот на угнетената Америка кој стана жесток поддржувач на „трампизмот“, Џеј Ди Венс ќе стане американски потпретседател по изборната победа на Доналд Трамп.