Украинскиот пратеник Александар Мережко, член на партијата „Слуги на народот“ и претседател на парламентарната комисија за надворешна политика, го предложи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир во 2025 год. Kanal5
Мережко додаде дека Трамп имал клучна улога во зајакнувањето на меѓународната коалиција против Русија и блокирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2. Според него, номинацијата на Трамп е можност да се изрази надежта дека неговиот иден мандат ќе се заснова на меѓународното право и принципите на ОН, а особено на „украинската мировна формула“ која може да помогне да се стави крај на војната.
Номинацијата на Трамп за Нобеловата награда за мир претходно ја поддржа и претставничката на Републиканската партија, Клаудија Тени, осврнувајќи се на „историската улога“ на Трамп во мирот на Блискиот Исток. Faktor
Не треба да се заборави дека токму Хаурд Лутник во моментот е еден од десетте најважни фактори на светскиот финансиски пазар и тој дојде во Македонија.
Гренел во првиот претседателски мандат на Трамп беше в.д. директор на Националното разузнавање на САД, амбасадор на САД во Германија и специјален пратеник на Трамп за Балканот. Novamakedonija