ДУИ и ДПМНЕ си играат пинг-понг со меѓуетничките теми и ја контаминираат јавноста со националистичка реторија, изјави вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, потпреетседателката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Ана Чупеска, коментирајќи ги случувањата со Уставниот суд.
Прогресивните и либерални политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот и поткопувањето на демократијата кој зема се поголем замав дури и во европски држави, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната панел дискусија во рамки на дебатата „Одбрана на демократијата и човековите права наспроти војната, национализмот и авторитаризмот”, настан којшто е дел од Неделата на човековите права, иницијатива на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.