Неколку илјади луѓе се собраа во Бања за поддршка на Додик пред првостепената одлука на Судот на БиХ, што се очекува денеска.
На собирот беше и близок соработник на претседателот на САД, Доналд Трамп, неговиот поранешен адвокат и градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани. Plusinfo
Српскиот водач на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ја отфрли можноста за војна и повика на дијалог во вторникот, ден пред судската одлука за тоа дали е виновен за непочитување на одлуките на меѓународната заедница. Sitel
Судот на БиХ денеска во 13 часот треба да ја изрече првостепената пресуда против Додик и Лукиќ, кои се обвинети дека не ги спроведувале одлуките на високиот претставник во БиХ.
Во Бања Лука денеска во 12 часот ќе продолжи специјалната седница на Народното собрание на РС, свикана за да се зборува за пресудата за Додик, на која ќе се расправа за Информацијата за рушење на Уставот на БиХ, мерките и задачите за заштита на Уставот на БиХ. Nezavisen
Инаку, Додик е обвинет за потпишување на претседателски декрети, со кои се прогласија за валидни два неуставни закони на РС, кои високиот претставник претходно ги поништи.
Станува збор за законите за неприменување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и за неприменување на одлуките на високиот претставник на територијата на РС. Лукиќ беше обвинет дека ги објавил тие закони и уредби во Службен весник на РС. Fokus
Претставниците на државната власт од Република Српска постојано нагласуваат дека доколку Додик и Лукиќ бидат осудени, за нив нема место во институциите.
Наместо да присуствуваат на седницата на Советот на министри, министрите на СНСД ќе бидат пред Народното собрание на РС на митинзи. Biznisvesti
Во Бања Лука денеска се одржува митинг за поддршка на Милорад Додик, пред утрешното изрекување на пресудата пред Судот на Босна и Херцеговина. A1on
Митингот започна вчера (25 февруари) во попладневните часови, кога започна и најавената седница на Народното собрание на РС, која треба да продолжи денеска напладне, кратко пред изрекувањето на пресудата.
Иако Додик со денови ја повикуваше опозицијата на состанок, за да се соберат под наметката на национално единство, одговорот дојде во форма на барање за оставка. Libertas