Поради одлагање во спроведувањето на планираните реформи, Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра во форма на грантови од Инструментот за закрепнување и отпорност на ЕУ, а ризикува дополнително да ги загуби и најголемиот дел од преостанатите предвидени средства од овој механизам за поддршка на Унијата. Libertas
Според бугарскиот вицепремиерот Томислав Дончев, поради застојот во реформите ЕУ ќе ја одбие исплатата и на новата транша во рамки на Инструментот.
За да може да ги користи предвидените средства во износ од над 5,5 милијарди евра за реализација на проекти од овој Инструмент на ЕУ, што би требало да и бидат исплатени во девет транши, Бугарија се обврза да спроведе вкупно 321 мерка и реформи, но досега имплементира само 115 од нив. Denesen
Европската комисија ја запре исплатата на втората транша за Бугарија лани во октомври откако бугарското Собрание не успеа да ги усвои измените на Патоказот за климатска неутралност, поради блокадите од страна на пратениците на проруската националистичка партија Преродба и на популистичката Има таков народ (ИТН). Инаку, ИТН сега е дел од новата коалициска Влада формирана минатиот месец.
Дополнително, Бугарија доцни и со спроведувањето на реформите поврзани со борбата против корупцијата и со усвојувањето на законите за личен банкрот и за заштита на укажувачите. Novamakedonija
Ваквиот договор го потврди и министерката за финансии Теменужка Петкова, која информира дека „се идентификувани седум проекти што нема да бидат реализирани до 30 август 2026 година, а 15 други имаат многу мали шанси за реализација“.
Една од програмите за која е најавено „доцнење“ во реализацијата е онаа за реновирање и енергетска ефикасност на старите станбени згради, за која од Инструментот за закрепнување и отпорност на Бугарија треба да и бидат исплатени над една милијарда евра. Novamakedonija