Приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг, ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што започнува денеска во Брисел и на која ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Press24
Приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг, ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што започнува денеска во Брисел и на која ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет, по кое на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО ќе им се придружат и нивните колеги од четирите земји партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд. Nezavisen
На заседанијата е предвидено да учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, кој ќе има и посебна средба со шефовите на дипломатиите НАТО на утрешното продолжение на состанокот.
Како што информира генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во најавата на состанокот, на него министрите ќе се фокусираат на зајакнување на колективна одбрана, која е темелот врз кој е изградена Алијансата и која е прв приоритет на земјите членки. Press24
Консензусот од дискусиите на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО е дека како што светот станува поопасен, така и Алијансата станува попотребна од кога било досега, изјави генералниот секретар на Пактот, Марк Руте на денешната прес-конференција по завршувањето на министерската средба во Брисел. Nezavisen
Руската закана со која се соочуваме останува и Русија продолжува тесно да соработува со Кина, Иран и Северна Кореја на начини кои не само што и штетат на Украина, туку претставуваат ризици за Алијансата и за целиот свет.
Гледаме дека овие и други актери работат на дестабилизација на нашите општества со саботажа на подводната инфраструктура, кибер напади, обиди за атентати и повеќе од тоа, рече Руте. Press24
Овие седум земји членки мора да работат се повеќе и повеќе заедно за да обезбедиме дека овој дел од светот ќе остане сигурен – истакна Руте.
Тој порача дека на дводневниот министерски состанок покрај фокусот на главната тема – зголемување на одбранбените трошоци, ќе се говори и за зајакнување на одбранбеното производство. Novamakedonija
Трговските спорови меѓу членките на НАТО и тарифите наметнати од Соединетите држави не се кршење на Северноатлантскиот договор и овие работи треба да се разгледуваат одделно, изјави во петокот генералниот секретар на Алијансата Марк Руте.
„Мислам дека ова се две различни работи, треба да ги држиме одвоени и да не ги мешаме во нашите дискусии“, рече Руте по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО. Netpress