Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
0.00
12.45
1.68/0.00
8.00
2.17
0.27
632.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
14 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 101.4
Best clustering variants
14 0.99/0.01 2 101.4
Denesen

Ќе одам во Москва да им оддадам почит на илјадниците војници на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на Словачка, како и на милионите други жртви на нацистите, исто како што им оддадов почит на жртвите на десантот во Нормандија, на Пацификот или како што ќе ја наведнам главата во чест на пилотите на РАФ, наведе Фицо во објавата.

Запрашана за коментар за најавата на Фицо, но и на српскиот претседател Александар Вучиќ, за присуство на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај во Москва, портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер вчера изјави дека во сегашниот контекст Русија го користи одбележувањето на крајот на Втората светска војна за да ја оправда својата агресија врз Украина, така што е важно да не се дава легитимитет на тоа со учество на вакви настани. Denesen

Denesen

Вие сте тој кој јавно повикува на мир – зошто тогаш сакате да прославувате покрај (рускиот претседател Владимир) Путин, кој ја започна оваа војна?, наведуваат европратениците во писмото до Фицо, потсетувајќи го дека тој не го осуди рускиот ракетен напад врз градот Суми во неделата на Цветници, при што загинаа 34 лица, а околу сто беа повредени.

Според европратениците потписници на писмото, со учество на прославите во Москва, Фицо испраќа сигнал дека стои на страната на агресорот, со што ја загрозува позицијата на Словачка во ЕУ, ја оддалечува земјата од нејзините партнери и ја турка во изолација и под влијание на Русија. Denesen

  • Шестмина пратеници во Европскиот парламент од словачката опозициска партија Прогресивна Словачка (ПС) упатија отворено писмо до премиерот на Словачка, Роберт Фицо, со кое бараат од него да се откаже од планираното присуство на воената парада на 9 мај во Москва и на останатите прослави по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.