Фокусот на НАТО е кон исполнување на неговата основна мисија – обезбедувањето колективна одбрана на сојузниците, се наведува во Годишниот извештај на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте за 2024 година, кој нуди преглед на главните постигнувања на Пактот во текот на минатата година во исполнувањето на врвните политички приоритети – од зајакнување на одвраќањето и одбраната, до обезбедувањето поддршка за Украина. Civilmedia
Според најавата за време на дводневниот престој во Вашингтон, Руте ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, со секретарот за одбрана Пит Хегсет и со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.
Се очекува на средбите да стане збор за актуелните глобални предизвици, пред се поврзани со напорите на САД за прекин на конфликтот во Украина. Netpress
Мора да го зајакнеме нашиот одбранбен индустриски капацитет за да се справиме со овој предизвик и да го зачуваме мирот – наведува Руте.
Тој додава дека членките на НАТО мора експоненцијално да ја зголемат поддршка за изградба на посилна, поотпорна и поиновативна трансатлантска одбранбена индустриска база, преку соработка со индустријата и меѓу сојузниците, поддршка на безбедноста на критичните синџири на снабдување и олеснување на заедничките набавки за потребите на одбранбените планови на НАТО. Novamakedonija
Затоа, според него, во услови на вакви „меѓусебно поврзани закани и зголемена стратешка конкуренција“, НАТО продолжи да инвестира во зајакнување на сојузничката и колективната отпорност на критичната инфраструктура и клучните одбранбени синџири на снабдување, со цел да може да спречи, да се спротивстави и да одговори на саботажи, злонамерни кибер операции, економска принуда и други кампањи за дестабилизација што се водат против сојузниците.
Според Руте, 2024 година ја одбележаа 75-годишнината од основањето на Алијансата и непоколебливата посветеност на сите сојузници на НАТО на трансатлантската врска. Novamakedonija