Елдар Мамедов, експерт за надворешна политика со седиште во Брисел и соработник-истражувач во институтот „Квинси“, во својата статија во информативниот портал „Респонсибле стејткрафт“, со наслов „Дали шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, е воопшто на вистинското работно место“, објавена во информативниот портал на 2 јули 2024 година, уште тогаш ќе искаже негативна оцена за начинот на кој Естонката се справува со своите одговорни обврски во ЕУ. „Не е тешко да се види зошто се сметало дека е побезбедно Калас да не биде избрана како нова шефица на НАТО, туку да се држи надвор од НАТО: иако во ЕУ постои консензус дека Русија е главната безбедносна закана на блокот, Калас отиде многу подалеку од повеќето лидери во својата борбена реторика. Novamakedonija