„Европската Унија во Урсула фон дер Лајен има претседателка, која очигледно е толку безнадежна и која, уште повеќе, речиси секој втор национален ЕУ-лидер ја смета како наметлив измамник…! Но обидот за управување со ЕУ- со овој брод на будали, би претставувал тест за вештините дури и за најуспешните политичари!“, нагласува аналитичарот Џереми Ворнер во својот коментар, објавен во британскиот дневен весник „Дејли телеграф“ Низ сиот европски континент се шири вистинско цунами на жестоки критики и пројави на големо незадоволство поради потезите и начинот на кој претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, еврокомесарките Каја Калас и Марта Кос и одделни други еврофункционери ги вршат своите функции во ЕУ. Да потсетиме, во вчерашниот број „Нова Македонија“ го цитиравме реномираниот швајцарски политички магазин „Велтвохе“, кој објави дека „во европските дипломатски кругови сè повеќе се зборува оти високи функционери на ЕУ ја сметаат Урсула фон дер Лајен како „токсична“, а нејзиното присуство во раководството на ЕУ како – штетно“. Novamakedonija