Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Sitel
Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Тие средства не се само за техничка помош, туку и за поддршка на реформите и за инвестиции, изјави Фон дер Лајен на прес-конференцијата на која го презентираше предлогот на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, во вкупна вредност од 2.000 милијарди евра. Civilmedia
Тој е поголем, попаметен и пофокусиран.
Тоа е буџет што им користи на нашите граѓани, на нашите бизниси, на нашите партнери и на нашата иднина“. Civilmedia
Станува збор за европската одбрана, европската поврзаност и за европска подготвеност, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека со Буџетот се предвидени и 400 милијарди евра за зајакнување на отпорноста и за механизмите за реакции во кризни ситуации.
Фон дер Лајен нагласи дека за реализација на сите овие проекти, Комисијата предлага нови извори на приходи за буџетот на ЕУ, преку заедничко задолжување, со цел да се обезбеди закрепнување и остварување на приоритетите. Denesen
Со овие нови сопствени ресурси, ЕУ го намалува товарот врз националните буџети и на тој начин ја усогласува амбицијата со одговорноста, рече Фон дер Лајен.
Таа додаде дека ова е Буџет за реалноста на денешницата, како и за предизвиците на утрешнината, што ќе и овозможи на ЕУ да дејствуваме врз основа на своите политички избори во денешниот брзодвижечки свет. Denesen
Претседателката на ЕК додаде дека во случај на прием во ЕУ на некоја од земјите кандидати за членство за време на оваа Буџетска рамка, постои клаузула за ревизија на Мултифункционалниот финансиско-регионален план (МФП) за нејзина имплементација, што ќе биде регулирано со договорот за пристапување.
Значи, со пристапувањето доаѓа и ревизија на МФП. Denesen