Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е постигнат трговски договор со Токио, според кој Јапонија ќе плаќа реципрочни царини од 15 проценти за стоки извезени во САД, се вели во објавата на неговата социјална мрежа Truth Social.
Трамп, исто така, рече дека Јапонија се согласила да инвестира 550 милијарди долари во САД, при што Вашингтон ќе добие „90 проценти од профитот“. Novamakedonija
„Овој договор ќе создаде стотици илјади работни места – никогаш немало нешто слично“, објави Трамп на Truth Social, додавајќи дека Соединетите Американски Држави „секогаш ќе продолжат да имаат одлични односи со земјата Јапонија“.
Трамп рече дека Јапонија ќе инвестира „по моја насока“ 550 милијарди долари во САД и ќе ја „отвори“ својата економија за американски автомобили и ориз. Civilmedia