Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше со својот француски колега Емануел Макрон за војната во Украина, како и за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на иранско-израелскиот конфликт и американските напади врз иранските објекти, соопшти Кремљ.Како што е наведено, Путин во разговорот рекол дека украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји.„Украинскиот конфликт е директна последица на политиката на западните земји, кои со години ги игнорираа безбедносните интереси на Русија, создадоа антируско упориште во Украина и го толерираа кршењето на правата на рускојазичните граѓани“, рече Путин, соопшти Кремљ.