Осврнувајќи се на односите со Европската унија, Курти изрази уверување дека назначувањето на новата извршна власт во Брисел оваа есен создаде шанса повторно да се фокусира на „агресивната улога на Србија на Балканот“, наместо на помекиот пристап кон Белград, кој според косовскиот премиер во последно време го имаше ЕУ. Зборувајќи за прашањето на мостот на реката Ибар, кој го дели градот Митровица на северен дел, населен со српско мнозинство, и јужен со албанско мнозинство, и за противењето на сојузниците во однос на напорите на косовската влада да го отвори, Курти рече дека Косово сака нормален мост, а „нормален мост е отворен мост“. Denesen