Македонскиот државјанин кој загина вчера во Нови Сад бил од Свети Николе.
Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Северна Македонија.
Како што дознава српскиот дневно-политички весник „ “, Васко Саздовски од Македонија, кој е меѓу загинатите на железничката станица во Нови Сад, бил 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството.