Изјавите во Косово дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство е само „нон-пејпер“, портпаролот на Европската унија Петер Стано ги оцени како непочитување на повикот на Советот на Европската унија, кој врз основа на овој „европски “ предлог, се движи кон формирање на Асоцијацијата. Novamakedonija
Европскиот нацрт-статут се заснова на модели и добри практики, како и на правната рамка на Косово.
Нацрт-статутот на премиерот Курти му го презентираше лично модераторот на ЕУ заедно со советниците за национална безбедност на Франција, Германија и Италија, како и американскиот специјален претставник. Novamakedonija
Нацрт-статутот на премиерот Курти му го презентираше лично модераторот на ЕУ заедно со советниците за национална безбедност на Франција, Германија и Италија, како и американскиот специјален претставник.
На состанокот на високо ниво за поддршка на дијалогот, во присуство на претседателот Емануел Макрон, премиерката Џорџа Мелони и канцеларот Олаф Шолц, двете страни во принцип го прифатија европскиот нацрт-статут – рече Стано. Novamakedonija
Тоа значи и дека Владата на Косово не може да создаде статут надвор од процесот на дијалог.
Владата на Косово не може да се откаже од своите одговорности во дијалогот, ниту да ги делегира на општините со српско мнозинство во Косово, рече портпаролот Стано. Biznisvesti
Со мировна порака за пријателството на Косово со Соединетите Американски Држави, попладнево во центарот на Приштина е поставен голем банер со фотографиите на кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина.
Банерот со пораката „Заедно стоиме во земјата на слободата“ кој, дента кога се одржуваат претседателските избори во Америка, е поставен на фасадата на хотелот „Гранд“ во центарот на косовската престолнина, покрај оној за поддршка на Украина со порака „Слобода за Украина“, е дело на Косовскиот институт за студии на хибридната војна „Октопус“. Republika