Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер оствари телефонски разговор со новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, оценувајќи го за позитивен и продуктивен.
На својот инстраграм-профил, Вучиќ направи видео-обраќање до своите следачи, посочувајќи дека разговорот со Трамп поминал во срдечна и значајна атмосфера.
Тој верува дека во наредниот период ќе можеме да разговараме за натамошно унапредување на нашите односи на сите полиња.
Сигурен сум дека, со поддршка на нашите пријатели, а под пријатели, мислам на целото опкружување на претседателот Трамп, кои беа со него вечерва за време на разговорот, дека ќе можеме да ја направиме, тој- Америка голема, а ние да ја направиме Србија пристојна земја и земја која ќе може добро, многу добро да соработува САД, порача претседателот Вучиќ. Nezavisen
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер оствари телефонски разговор со новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, оценувајќи го за позитивен и продуктивен. 360stepeni
Срдечен и содржаен.
Верувам во посилно партнерство со САД под водство на претседателот Трамп, соопшти претседателот Вучиќ на Инстаграм. Kanal5
Претседателот на Србија се надева дека Трамп наскоро ќе ја посети Србија.
Побарав да ја посети Србија бидејќи Србија беше земјата каде поддршката за изборот на Трамп беше најголема во цела Европа. Fokus
„Нема да ви се верува, но тој зборуваше дури и за спортските успеси на нашата земја“, Српскиот претседател вели дека за време на разговорот изразил надеж дека Трамп ќе ја посети Србија.
„Ја искористив можноста да изразам желба за дополнително подобрување на нашите односи во сите сфери на општественото живеење. 360stepeni
Ја искористи приликата, со желба дополнително да ги подобриме односите во сите сфери на општественото живеење, да изрази надеж дека Доналд Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија беше земјата каде поддршката за неговиот избор беше најголема во цела Европа.
И претседателот Трамп се заблагодари за огромната поддршка што ја доби од граѓаните на Србија, од српскиот народ, рече Вучиќ. Nezavisen
На својот инстраграм-профил, Вучиќ направи видео-обраќање до своите следачи, посочувајќи дека разговорот со Трамп поминал во срдечна и значајна атмосфера. 360stepeni
Одличен, срдечен и содржајен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговараше со новоизбраниот претседател на Америка, Доналд Трамп.
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори.
Висок советник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп најави дека новата администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, наместо да им дозволи на Украинците да ја вратат територијата окупирана од Русија.
Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека републиканскиот оперативец кој ги претстави потенцијалните контури на мировниот план за Украина со поддршка на САД не зборувал во име на новоизбраниот претседател.
Висок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вели дека новата администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, наместо да дозволи земјата да ја врати територијата окупирана од Русија.
Новиот американски претседател Доналд Трамп победи и во сојузната држава Аризона, со што оствари победа во сите 7 клучни, таканаречени „свинг“ држави, пренесува Си-би-ес њуз.
Проекциите покажуваат дека Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД и во американската сојузна држава Аризона, што значи дека ги освоил сите седум држави кои важеа за клучни држави.
Ниту поранешната амбасадорка на САД во ООН, Ники Хејли, ниту пак поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да бидат дел од новата администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека на поранешната републиканска претседателска кандидатка и поранешна амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и на поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да им биде понудена позиција во неговата администрација.
Чешкиот претседател Петр Павел на отворањето на самитот за одбрана во Прага рече дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да преговара со Владимир Путин за конечно ставање на крај на руската агресија врз Украина, но оти таков договор најверојатно нема да биде во најдобар интерес на Украина и на Европската унија.
Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, синоќа, на отворањето на Прашкиот одбранбен самит, изјави дека надежите дека идниот американски претседател Доналд Трамп ќе може брзо да го реши конфликтот во Украина, како што вети, се нереални и предупреди дека веројатниот договор со рускиот претседател Путин ќе биде на штета на Украина и Европа.