Републички опозициски и покраински пратеници, заедно со опозициските градски советници, утринава пред осум часот почнаа да ја блокираат зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, со цел да побараат ослободување на политичарите и активистите кои беа затворени за време и по протестот за паѓањето на настрешница во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. Nezavisen
Инаку, во новосадскиот затвор по протестот на 5 ноември има девет лица.
Пред судот е полицијата во опрема за разбивање демонстрации, со штитови и шлемови, и има туркање меѓу насобраните и полицајците на влезот во зградата каде што се наоѓаат судот и обвинителството. Kanal5
На вработените кои бараат да им се дозволи да работат, пратениците им велат дека не сакаат, бидејќи не си ја вршат работата и не ги апсат одговорните.
Како што изјавија опозиционерите, тие во знак на протест ја блокирале зградата поради активистите, кои беа приведени по протестот во Нови Сад на 5 ноември. Nezavisen