Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за климатските промени и развој поврзани со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово, Светска банка посочува дека овие инвестиции ќе ги ублажат ефектите од шоковите и стресот поврзани со климатските промени. Libertas
Со оглед на тоа што поплавите претставуваат над 90 проценти од штетите поврзани со климата, извештајот на СБ ја истакна потребата од решенија засновани на природата, како што се обновување на поплавните рамнини и зачувување на тресетите за да се зголеми отпорноста и да се поттикне економскиот раст.
Навремените инвестиции во адаптација на климатските промени, особено во инфраструктурата за заштита од поплави, можат во голема мера да ја заштитат економијата и во исто време да ја намалат загубата на БДП, а истовремено да обезбедат отворање нови работни места и зголемување на трговските можности. Biznisvesti