Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.
Најголемата партија на косовските Срби, Српка листа (СЛ) соопшти дека синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец во близина на Зубин Поток во северно Косово е против интересите на српскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовската претседателка, Вјоса Османи синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец кај Зубин Поток, во северно Косово, ја нарече терористички чин и порача дека „српските криминални банди губат во секоја битка со институциите на Косово“ и дека „повторно ќе се поразат“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Советот за безбедност на Косово (СБК) рано утрово одржа вонредна седница, по синоќешната експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, од каде со вода од Ујманското Езеро се снабдуваат повеќе градови во државата, како и Енергетската корпорација на Косово за ладење на нејзините термоелектрани, јави дописникот на МИА од Приштина.