Косовската полиција соопшти дека уапсила уште еден осомничен за петочниот напад со експлозив на каналот Ибар-Лепенец во Варага, кај Зубин Поток, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По терористичкиот напад од петокот ноќта, на 29 ноември, во селото Варага во општина Зубин Поток, во северно Косово, каде што како последица на експлозија беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, денеска продолжија полициските контроли во местата во околина на инцидентот, јави дописникот на МИА од Приштина.