Адвокатите на Трамп во судската пријава поднесена пред два дена наведоа дека Бајден во текстот на помилувањето на Хантер истакнал тој е „неправедно гонет“ и „поинаку третиран“ на суд само затоа што е негов син.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека го помилувал својот син Хантер, кој чекаше пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно беше прогласен за виновен, како и за затајување данок, што тој самиот призна.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер Бајден, оценувајќи ја одлуката како „злоупотреба и погрешна одлука“.
Илон Маск, милијардер и ко-раководител на Одделот за владина ефикасност на САД, го критикуваше решението на актуелниот претседател Џо Бајден за помилување на својот син Хантер, кој е обвинет во две кривични дела.