Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за нејзината подготвеност за следната фаза од пристапниот процес, пренесоа српските медиуми.
„Гледаме дека нема доволно напредок во областа на владеењето на правото во Србија, гледаме недоволен напредок во односите меѓу Белград и Приштина, каде Србија има јасна одговорност, а исто така гледаме дека Србија се уште ја нема доволно усогласено својата надворешна политика со надворешната политика на Европската унија“, изјави Велдкамп по средбата со своите колеги во Брисел, јавија холандски медиуми.