Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Брисел порача дека секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности.
Премиерот Христијан Мицкоски прашан дали е оптимист по посетата на Брисел истакна дека активно учествувал на седниците и на работниот дел, како и на работната вечера, а следниот ден имале состанок на семејството на Европската народна партија, каде што какошто вели активно учествува и она што го кажува како аргумент во јавноста делумно или целосно, го кажува и таму.
Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме реални опипливи резултати коишто ќе се темелат на прогресивен напредок, ова е дел од пораката на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по Самитот во Брисел.