Тоа е голем чекор напред што ја продлабочува Европа внатре, рече Фон дер Лејен.
Како достигнувања за време на унгарското претседателство, таа ги наведе и усвојувањето на 15-тиот пакет санкции против Русија за поддршка на Украина, постигнувањето договор на Г7 за кредитна рамка и организирањето на многу успешен самит на Европската политичка заедница. Nezavisen
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека за време на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, кое завршува на крајот на годината, била постигната пресвртница во пристапниот процес на Црна Гора, Албанија и Србија.
За време на вашето претседателство, Европа беше проширена и надворешно; оваа недела постигнавте пресвртници на пристапниот пат на Црна Гора, Албанија и Србија, рече Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел синоќа по завршувањето на состанокот на Советот на ЕУ. Црна Гора затвори три поглавја во преговорите со ЕУ оваа недела, Албанија отвори уште еден кластер, а Советот за општи работи на ЕУ одобри испраќање писмо до Србија во кое ја поканува да ги достави своите преговарачки позиции за поглавјата 16 и 19 во рамките на кластерот за конкурентност и инклузивен раст. Kanal5