Српската напредна странка денеска го организира форумот „Иднина, а не минато!“ во Сава Центар во Белград.
И покрај речиси секојдневните масовни протести, блокади на институции, блокади на сите факултети низ Србија од 1 ноември, односно падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, потоа претепувањето на студентите и опозицијата од платениците на режимот на Александар Вучиќ, истражувањата на јавното мислење кои излегуваат во јавноста покажуваат дека рејтингот на претседателот на Србија не паѓа, исто како што не се зголемува рејтингот на опозицијата, пишува „Данас“.