Така ја гледам и чувствувам и денес и верувам дека вие го препознавте тој жар“, напиша Милановиќ на Фејсбук, ден по првиот круг од изборите.
Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од претседателските избори врз основа на 100 отсто обработени избирачки места, според кои актуелниот претседател Зоран Милановиќ освоил 49,09 отсто од гласовите, а второпласираниот кандидат на владејачката ХДЗ, Драган Приморац – 19,35 отсто. Plusinfo