Претседателот на САД, Џо Бајден, во своето последно обраќање пред предавањето на власт на Доналд Трамп, предупреди на формирањето на „опасна олигархија“ на ултра-богати луѓе кои како што рече се вкорениле во земјата и на „техно-индустрискиот комплекс“ што ги загрозува правата на Американците и демократијата.
Властите на Хамас во Појасот Газа соопштија дека најмалку 71 Палестинец се убиени по објавувањето на договорот за прекин на огнот со Израел.
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на еден неименуван американски и на еден арапски претставник.
Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во емотивна изјава пред неговото официјално проштално обраќање до нацијата.