Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил. Nezavisen
Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.
На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место. Civilmedia