Најмалку пет лица останаа затрупани под урнатините кога денеска се урна четирикатница во Турција, соопштија турските власти.
Сè уште не е позната причината за уривањето на зградата во градот Коња, кој се наоѓа на околу 260 километри југоисточно од главниот град Анкара, пренесе АП. Две лица се извлечени од урнатините со повреди, јави приватната новинска агенција ДХА.