Универзитетот во Белград уште еднаш инсистира надлежните институции да ги исполнат студентските барања и потсетува дека дијалогот мора да се води во атмосфера на заемно уважување меѓу сите релевантни актери, со доверба во институциите и во рамките на нивните надлежности.
„Универзитетот во Белград е подготвен да им пружи експертска поддршка на студентите во процесот на утврдување на исполнетоста на барањата, да ги усогласи своите понатамошни активности за воспоставување на општествен дијалог со одлуките на студентските пленуми и на тој начин да го зачува единството на Универзитетот. Plusinfo