Американската агенција за меѓународен развој, позната по кратенката УСАИД, изминатите 4 години дистрибуирала речиси 2 милијарди долари во земјите од западен Балкан, а од нив земјава добила 290 милиони долари..
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) објави дека в петок, 7 февруари во 23:59 часот, сите вработени директно ангажирани во Агенцијата ќе бидат ставени на административно отсуство ширум светот, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции, клучните лидери и конкретно одредени програми.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека милијарди долари биле украдени од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и наводно биле искористени за финансирање на медиуми кои позитивно известувале за неговите политички противници, . „Изгледа дека милијарди долари биле украдени од УСАИД и од други агенции, а многу од тие средства биле насочени кон медиуми кои шират лажни вести, како награда за пишување позитивни приказни за демократите“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Поранешниот премиер Никола Груевски е еден од луѓето кои изминативе денови ја критикуваше Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД и го славеше нејзиното блокирање од страна на Доналд Трамп, сокривајќи ги фактите дека тој и неговата партија во минатото биле директни корисници на помош и поддршка од УСАИД.