Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија има „предност“ во какви било мировни преговори за Украина, бидејќи „зазеде голема територија“.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги отфрли барањата на САД за 500 милијарди долари во минерали од Украина со цел Вашингтон да продолжи да обезбедува воена помош за Киев, велејќи дека САД досега не доставиле ни приближно до таа сума и не понудиле конкретни безбедносни гаранции во договорот, пишува Reuters.