Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ.
Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Biznisvesti
На студентите им се придружија и наставниците, адвокатите и граѓаните.
Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто. A1on
Студентите во Србија почнаа со протести, блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.
Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада. Nezavisen
Второто оддавење на почит за загинатите ќе биде во 23 часот и 52 минути.
Во Ниш пеш, со трчање и на велосипеди уште од синоќа пристигнаа студенти од Белград, Нови Сад, Крагуевац, Краљево, Ужице, Чачак, Бор, Бујановец и други српски градови, а денеска се очекува да им се придружат и поголем број граѓани. Libertas
Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ. Biznisvesti
Во Грција денеска генерален штрајк за двегодишнината од несреќата кај Темпи] Масовни протести во Атина во очи на одбележувањето на двегодишнината од трагичната железничка сообраќајна несреќа кај Темпи во која директно се судрија два воза, при што загинаа 57 лица.
Илјадници граѓани уште од рано утрово ги исполнија улиците во центарот на Атина, како и плоштадот Синтагма за да испратат порака дека не ги забораваат жртвите во железничката несреќа кај Темпи пред две години, но и да го повторат нивното барање за правда, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и лидер на владејачката партија Единствена Русија, реагираше на денешниот судир во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за минерали со Украина е безбедносната гаранција што му е потребна на Киев против Русија, отфрлајќи ја молбата на британскиот премиер Кир Стармер за дополнителна американска воена поддршка.
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на шефот на украинскиот режим, Володимир Зеленски, кој отпатува во Вашингтон, дека Украина има големи проблеми и нема да победи во конфликтот со Русија.
Респираторната состојба на папата Франциск кој е во болница се влошува, соопшти Ватикан.
Папата Франциск го продолжува лекувањето од бронхитис и пневмонија во болничкиот комплекс „Агостино Џемели“ во Рим, соопштија извори од Ватикан.
Судири избувнаа во Атина кога стотици илјади луѓе се собраа низ Грција за да побараат правда на втората годишнина од најсмртоносната железничка несреќа во земјата досега, а работниците што штрајкуваа го запреа воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт.
Утре во Грција, кога се навршуваат две години од железничката несреќа кај Темпи во која при судар на патнички и товарен воз загинаа 57 лица, претежно млади, се закажани дури 345 протести на 243 различни локации.