Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС синоќа го усвои и Законот за заштита на уставниот поредок на РС, кој по итна постапка го предложи претседателот на РС Милорад Додик.
Со овој закон се предвидува формирање на Специјалното обвинителство на РС, кое ќе има овластување да го уапси секого кого власта ќе го означи како закана за уставниот поредок на РС. Предвидено е специјалниот обвинител да го именува Народното собрание на РС. Опозицијата упати низа критики на овој закон, нагласувајќи дека Додик го институционализира прогонот на политичките противници во РС. Овој закон влегува во сила следниот ден по објавувањето во Службен весник на РС. Kanal5
Пратениците на Народното собрание на Република Српска (РСС) синоќа го усвоија Нацртот на новиот Устав на РС, според кој овој ентитет на БиХ ќе се прогласи за држава, ќе има право на самоопределување, а Советот на народите на РС и потпретседателите на РС се укинуваат. Biznisvesti
За усвојување на нацртот на новиот Устав на РС гласаа 50 пратеници од владејачката коалиција, од вкупно 58 присутни пратеници во собраниската сала при гласањето.
Повеќето пратеници на опозицијата не беа во собраниската сала за време на гласањето, а претходно од седницата беа отстранети сите пратеници на Српската демократска партија (СДС). За усвојување на Нацртот на новиот Устав на РС беше потребно обично мнозинство, но за конечно усвојување на новиот Устав потребно е двотретинско мнозинство кое владејачката коалиција во РС го нема, како што призна и самиот претседател на РС, Милорад Додик. Libertas