Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад. Civilmedia
Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.
Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија. Denesen
Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад.
Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш, јави МИА од Белград. Biznisvesti
Претходните собири предводени од студентите во други српски градови беа мирни.
Во Белград, тензиите се зголемија откако поддржувачите на Вучиќ, вклучително и поранешните паравоени борци, поставија камп во паркот пред зградата на претседателството. Novamakedonija
Стотици илјади студенти и граѓани се собраа вчера во центарот на Белград на протестот „15 за 15“, на кој повикаа студентите во блокада поради неправди и корупција, додека власта се бори да го запре повеќемесечниот бес инициран откако во ноември лани се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе, јави МИА од Белград. Libertas
Неколку часа пред протестот улиците на центарот на Белград беа преполни со луѓе, а од целиот град пристигнуваат нови групи демонстранти со национални знамиња и со транспаренти, заедно со вревата што ја прават со свирежите.
Граѓаните од цела Србија утринава се упатија кон Белград на покана на студентите да учествуваат на големиот митинг „15 за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за смртта на 15 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите. Plusinfo
Додека студентите се собираат во центарот на Белград за да одржат голем протест со колегите студенти, српскиот претседател Александар Вучиќ замина на другата страна на градот. Libertas
Сакам Србија која се гради, Србија која напредува, Србија која победува.
„Србија ќе победува денес и секогаш“, се вели во описот на оваа објава. Faktor
Иако дел од студентите во блокада најавија промена на локацијата на одржување на протестот во 16 часот поради безбедносни причини, па наместо пред српскиот парламент, тој да се одржи на плоштадот „Славија“ во центарот на Белград, сепак протестот ќе се случи на првично предвидената локација, односно на платото пред законодавниот дом. 360stepeni
Студентите во Србија, со која цврсто владее популистичка влада повеќе од една деценија, одржуваат речиси секојдневни протести низ државата и привлекуваат десетици илјади луѓе со што ја потресуваат цврстата контрола на власта на претседателот Александар Вучиќ.
Главниот протест одржан вчера, се одржа на повеќе локации во главниот град на Србија. Libertas