Илјадници лица пристигнаа денеска од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград и се упатија на антивладините демонстрации во центарот на главниот град.
Во Белград утре ќе има голем студентски протест, а претседателот Александар Вучиќ изјави дека не планира воведување вонредна состојба доколку не се случи голем напад врз безбедносните сили.
Иако дел од студентите во блокада најавија промена на локацијата на одржување на протестот во 16 часот поради безбедносни причини, па наместо пред српскиот парламент, тој да се одржи на плоштадот „Славија“ во центарот на Белград, сепак протестот ќе се случи на првично предвидената локација, односно на платото пред законодавниот дом.
Додека граѓаните се собираат во центарот на Белград за да одржат голем протест со студентите, српскиот претседател Александар Вучиќ замина на другата страна на градот.